Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на избирачката листа во втората изборна единица, Владо Мисајловски денеска оствари средба со граѓаните на Ѓорче Петров.
-Зборувавме за актуелните теми периодов, за пандемијата предизвикана од Ковид-19 вирусот, како и за соодветната заштита од истиот. Дискутиравме и околу политичката ситуација, предвремените парламентарни избори и очекувањата за иднината на Република Македонија. Граѓаните на Ѓорче Петров недвосмислено сакаат промени, просперитет и подобри денови за сите заедно. Затоа Ѓорче Петров ќе го одбере ВМРО-ДПМНЕ, ќе одбере Обнова на Македонија, напиша Мисајловски на Фејсбук.