недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мисајловски: Граѓаните се жалат, лаги и манипулации 3 години по ред

Мисајловски: Граѓаните се жалат, лаги и манипулации 3 години по ред

Четвртиот ден од изборната кампања го затворам со средба со граѓаните од населеното место Триангла, општина Гази Баба. Заедно со кандидатите за пратеници во ИЕ2 Жаклина Пешевска, Зоран Коцевски, Дијана Илиевска и Игор Атанасовски поразговаравме со жителите од ова место. Како во сите населени места во општина Гази Баба, така и овде граѓаните немаат што добро да кажат за актуелната власт.

Сведоци се на лаги, манипулации, празни ветувања и купи ден-продај политика. Велат дека иако голем број политичари доаѓале кај нив и ги уверувале дека ќе отпочнат со реализирање проекти, сепак тоа не се случило. Поради ваквиот однос на локалната и централната власт, жителите од ова населено место стојат на ставот дека мора да дојде до промени. Упатуваат силна поддршка лично до мене и до ВМРО-ДПМНЕ во борбата за обнова. Обновата мора да се случи!

Триангла ќе биде обновена и ние се обрврзуваме на тоа!

#ГазиБабаОдбираОбнова #Заокружи14

Најнови вести