Новото дебатно издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (27 мај 2022 г.) од 22 часот на ТВ Алсат.
Тензично е деновиве во и околу Собранието. Овој актуелен заплет на домашната политичка сцена почна со одлуката на ВМРО-ДПМНЕ за т.н. активна блокада на парламентот, а на интензитет додадоа и испадите од претседателот на Собранието, Талат Џафери, кои беа причина за опозициската партија да најави интерпелација за него.
ВМРО-ДПМНЕ притиска за предвремени избори, а од СДСМ и ДУИ одговараат дека нема причина ниту логика за такво нешто.
Ова е појдовната точка за дебатата со потпретседателите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Перо Костадинов (градоначалник на Валандово) и Владо Мисајловски (пратеник во Собранието).
Емисијата се емитува од 22 часот на ТВ Алсат.