вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мисајловски: Инфраструктурен мрак владее ширум Македонија, народот желен за обнова

Мисајловски: Инфраструктурен мрак владее ширум Македонија, народот желен за обнова

Предвечерието го искористив да го посетам населеното место Маџари, општина Гази Баба. Заедно со кандидатите за пратеници во ИЕ2 Жаклина Пешевска, Зоран Коцевски, Дијана Илиевска и Игор Атанасовски поразговаравме со жителите од ова место.

Луѓето тука во Маџари велат дека владее инфраструктурен мрак, односно дека апсолутно ништо не е направено неколку години наназад. Велат дека им биле ветувани голем број на ветувања и разно разни проекти, но засега останува енигма каде се тие проекти.

Посакуваат обновата да започне и во Маџари, а со тоа луѓето да ги надминат проблемите кои моментално ги имаат од инфраструктурен аспект. Ветивме дека ќе оствариме се што е во изборната програма за овој дел од Гази Баба и се обврзавме на макотрпна работа. Тоа е нашата гаранција.

Маџари ја посакува обновата и токму поради тоа на претстојните избори ќе го поддржи ВМРО-ДПМНЕ.

Обновата доаѓа и во Маџари! Доаѓа насекаде! ??
#МаџариОдбираОбнова

Најнови вести