петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мисајловски: Јасно е дека немаат 80 пратеници, а најмногу може да се забележи по нервозните настапи на Ковачевски

Мисајловски: Јасно е дека немаат 80 пратеници, а најмногу може да се забележи по нервозните настапи на Ковачевски

„И ние во партијата знаевме, но и многу граѓани и експерти знаеја дека власта нема 80 пратеници. Но, се знаеше исто така дека по исцрпување на сите говорници ќе ја завршат седницата и ќе ја остават да лебди“, истакна Владо Мисајловски, пратеник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во Македонско радио.

Мисајловски додаде дека нервозата кај власта веќе се воочува, а најмногу може да се забележи по нервозните настапи на Ковачевски по емисии.

„Премиерот треба да ја сплотува нацијата. Но, Ковачевски како премиер излегува по емисии и постојано аналитички шири омраза, користи и заканувачки тон. Не е добро како прв човек што ја води државата да употребува таква агресија преку медиумите“, порача Мисајловски.

Тој посочи дека на Македонија и е потребен смирен и способен премиер. Потребен е премиер кој ќе наоѓа решенија за сите граѓани, а тоа Христијан Мицкоски го може.

„Потребно е да се обединат сите Македонци, сите македонски партии, сите албански партии да дадат допринос во сето тоа и да се изнајде подобро решение. Бидејќи уставните измени не ги прифаќаат 80% од граѓаните во Македонија“, потсети Мисајловски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мисајловски рече дека ВМРО-ДПМНЕ сака македонскиот народ да е охрабрен и да победи.

„Од прв ден ние рековме јасно и гласно дека нема да го поддржиме овој начин, нема да поддржиме вакви уставни измени. ВМРО-ДПМНЕ бара гаранции“, укажа тој.

Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи Македонија да влезе во океан на нови барања. (МИА)

Најнови вести