петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мисајловски: Македонскиот народ сака гаранции за идентитетот и можеме да ги добиеме – затоа се потребни избори

Мисајловски: Македонскиот народ сака гаранции за идентитетот и можеме да ги добиеме – затоа се потребни избори

Направија договор кој треба да е добрососедски, а вметнати се прашања со кои се распарчува македонската историја. Ова не е ЕУ, ова не се Копенхагеншки критериуми, ова не е она на што е создадена ЕУ, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски за „За или против“ на Алфа телевизија и потенцираше дека потребни се гаранции кои ако се сака може да се добијат.

Мисајловски потенцираше дека  македонскиот народ треба да види гаранции за идентитетот, да види дека нешто што ќе постигнеме нема да биде бунар во кој постојано ќе тонеме и затоа треба да ги кажеме нашите аргументи.

– Ние конкретно велиме дека нон сенс е прашањето што е ставено прв пат во историја на било која земја кандидат за членство во ЕУ во која постојат комисии кои спорат дали бил Цар Самоил, Македонец, па да стигнат до Илинденците, па до сите што се бореле против фашистичката окупација. И тоа треба да биде обврска на Македонија за влез во ЕУ. Тоа е срамно и безобразно. Бугарија утре може да рече или да прифатиме дека Гоце Делчев е Бугарин или нема да го продолжиме патот. Зарем тоа не е уцена? Затоа сме целосно против ова.  Не може таква работа да биде главна во овој процес и да ни го одредува патот, нагласи тој.

Мисајловски посочи дека треба да се бараат од  нас реформи во правосудството, исполнување на критериуми во земјоделието, екологијата, и така натаму, но не и историски прашања и затоа се бараат тие гаранции.

– Може да добиеме гаранции, но треба да се сака. Оваа власт не бара гаранции, ниту им е гајле.  Оваа влада е купи ден продај, да си завршат некој тендер, да се наполнат со повеќе пари, да уживаат во бенефициите. За разлика од нив, некој друг мисли како да се подобри ова држава, младите си одат, тие се разочарани од сето ова што се случува. Имаме проблеми во секој ресор, особено економија, нагласи тој.

Мисајловски додаде дека гаранциите се повеќе од потребни затоа што ако ги слушнете бугарските политичари, тие велат ова е почетокот, треба да се спроведе се во билатералниот договор.

Тоа е проблемот, што билатерално прашање се внесе во преговарачка рамка. Затоа ние бараме гаранции и ќе ги добиеме, но ни треба слога и ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на тоа. Нешто што не е прифатливо за народ не треба да се прифати. Овој народ кажува дали треба нешто да се исполни или не. Затоа треба да има избори, рече Мисајловски.

Најнови вести