Ова е измама, на локалните избори пораката од народот беше пратена, потребни се избори и скрос нова Влада, истакна вечерва во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.
-Они не покажаа никаков резултат до сега, Оливер Спасовски на парламентарните избори изгуби, на локалните избори во изборната единица 2 каде што бев носител јас доживеа дебакл, изгуби во своето мало, на своето избирачко место, во своето Куманово, изгубија буквално насекаде, а мислам дека и Ковачевски доаѓа од таму, и така сите здружени во оваа влада, рече Мисајловски.
Мисајловски понатаму вели дека неопходни се избори и состав на нова Влада.
-Но, од друга страна имаат еден куп порази и сега онвие ќе прават реформи?, они ќе бидат новата реформска влада?. Еве ќе ви кажам, ова е една голема измама и овие луѓе не заслужуваат да ја водат владата, пораката е примена на последните локални избор, затоа треба нова влада, скрос нова влада, Зборам да се има избори, и да се состави нова влада, дециден е Мисајловски.