петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мисајловски на средба со Амбасадорите од Северноатлантскиот Совет: Оваа влада најмалку придонесува за евроатлатските интегративни процеси на Македонија

Мисајловски на средба со Амбасадорите од Северноатлантскиот Совет: Оваа влада најмалку придонесува за евроатлатските интегративни процеси на Македонија

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски и пратениците Никола Мицевски и Благица Ласовска вчера остварија средба со Амбасадорите од Северноатлантскиот Совет.

На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба, како и за евроатлатските  позиции на Република Македонија.

Од страна на Мисајловски беше истакнато дека врвен стратешки приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е интеграцијата на Република Македонија во НАТО, но како што рече тој изминативе две години државата се наоѓа во многу лоша состојба поради крајно неодговорното управување од страна на актуелната власт на СДСМ и Заев.

-Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, нашиот приоритет е патот кон евроатлатската интеграција на Република Македонија, но ние моментално имаме влада која што најмалку придонесува за евроатлатските интегративни процеси на Република Македонија. Со криминал, корупција, катастрофална економија, руинирано здравство и образование, непотизам не може да имаме едно здраво општество, ниту пак демократска држава која ќе чекори кон вистинскиот пат, а тоа е ЕУ и НАТО, вели Мисајловски.

Беше констатирано дека државата не оди напред, туку напротив стагнира.

Од страна на пратениците Мицевски и Ласовска беше кажано дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи сите законски решенија кои ќе бидат од значење како за граѓаните, така и за иднината на Република Македонија.

На крај беше разменето мислење за унапредување и зајакнување на меѓусебната соработка се со цел побрза интеграција на Република Македонија во Европската Унија и НАТО, информираат од партијата.

Најнови вести