вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мисајловски на средба со пензионерите во Бутел: ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш се грижела за вас, тоа ќе го почувствувате со зголемување на пензиите

Мисајловски на средба со пензионерите во Бутел: ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш се грижела за вас, тоа ќе го почувствувате со зголемување на пензиите

Носителот на листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ2, Владо Мисајловски, денес е во посета на општина Бутел.

Тој оствари средби со пензионерите од оваа општина.

-ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш се грижела за пензионерите, отсекогаш ни биле приоритет и се надевам дека со новата програма, набрзо, тоа ќе го почувствувате сите. Со зголемување на пензиите, да не ви се земаат веќе средствата од вашите парочници туку да имате екстра средства. Бидејќи заслужувате. Во оваа земја, гледате, многу млади заминуваат, не сакаме да остане земја само на возрасни луѓе, но и вие да имате еден убав, комотен живот. Јас премногу ве почитувам бидејќи, според мене, без вас, не можеме да ја тераме државата. Бидејќи вие сте мудроста, оние кои треба да ни кажете каде најмногу грешиме. Имате искуство да советувате, но и да ни го покажете патот и правецот како да се движиме, истакна Мисајловски.

Најнови вести