Перцепцијата е дека од власта се неспособни. И тоа веќе секој граѓанин го знае. Но ако гледате последниве анкети кои што излегоа преку 20% само од граѓаните се задоволни со Владата. Зборувам дека преку 80 и нешто проценти се незадоволни од начинот и квалитетот на живеење во Македонија“, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа.
Мисајловски додаде дека над 80% граѓаните во државата живеат неквалитетно поради лошите политики на власта.
-Кога ќе ги прашате граѓаните што се најгорливите прашања и проблеми во Македонија, тие ви одговараат економија, платата, пензијата, социјалат и сите оние работи што се поврзани околу економските гранки. Има многу граѓани се невработени, и дури слушаме дека се фалат дека ја намалиле стапката на невработеност, а еден куп на луѓе заминаа од државата. А си заминаа граѓаните бидејќи бараат работа во странство затоа што тука е многу мала платата или со нивното образование не можат да најдат соодветна работа, рече Мисајловски.
Мисајловски посочи дека владата не превзема чекори затоа граѓаните се разочарани.