четврток, 8. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мисајловски: Наместо проекти и визија, СДСМ на граѓаните им нуди рекет и корупција

Мисајловски: Наместо проекти и визија, СДСМ на граѓаните им нуди рекет и корупција

Јас сакам сите што прават рекет и корупција да одат во затвор, да има правда и правдина, а гледате дека нема, рече во тв дебатата на 24 вести, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 2, Владо Мисајловски.

– Секој ден изкачаат афери, слушаме за Ден Дончев, слушаме за овој за оној, рекети, Боки 13 и слично. Јавноста се уште не знае доволно што се случува, зошто? Бидејќи обвинителството не ги води постапките праведно и правно. Затоа сето оваа енигма што ја имаат граѓаните мора да се расчисти. Дали имало бомби или дали ќе има бомби, јас од секогаш сум бил против такви работи, истакна Мисајловски.

Наместо сите политички партии да работиме за граѓаните, со проекти со визија, со стратегија, ние слушаме и не може да дослушаме од власта кој зел повеќе рекет, потенцираше Мисајловски.

Најнови вести