Не може СДСМ и ДУИ да се задолжуваат една милијарда евра, а граѓаните да не знаат, не може да нема ниту еден економски закон добар, квалитетен без фелата да го одобри тоа, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа.
-За ваквите прашања не може компаниите или опозицијата да не знаат што се случува, ние ќе продолжиме да работиме со вакво темпо, ќе продолжиме да бидеме од сабајле до вечер во собранието, да се јавуваме за секој еден закон, ќе поднесуваме амандмани за многу закони, бидејќи да имаше некој добар и квалитетен закон ние веднаш ќе го поздравевме, истакна Мисајловски.
Тој додаде дека наместо да се носат добри и квалитетни закони, власта сака на шверцерски начин да протне закон за игри на среќа и ДУИ да си прави паралелна видеолотарија.