вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мисајловски: Обновата мора да се случи во сите слоеви на општеството и ние се обврзуваме на тоа

Мисајловски: Обновата мора да се случи во сите слоеви на општеството и ние се обврзуваме на тоа

Во моментов сум во населеното место Автокоманда, општина Гази Баба. Заедно со кандидатот за пратеник во ИЕ2 Жаклина Пешевска ги посетивме дуќанџиите. Оваа категорија на граѓани, поради економската криза која што владее во државата, се сериозно загрозени.

Велат дека државата не ги стимулирала на никаков начин и сега едвај врзуваат крај со крај. Се трудат да бидат позитивни и искрено се надеваат на подобри времиња.

Се согласивме дека оваа власт трета година по ред докажува дека граѓаните и нивните проблеми не им се приоритет, туку нивната енергија ја насочуваат кон договарање зделки кои ги задоволуваат нивните лични потреби. На таквиот пристап мора да му дојде крајот. Секој граѓанин заслужува шанса да работи и чесно да заработува.

Обновата мора да се случи во сите слоеви на општеството и ние се обврзуваме на тоа. Обновата доаѓа! ??

#Заокружи14 #ОдбериОбнова

Најнови вести