среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мисајловски: Очекувам утре или задутре измени во законот за фингерппринт терминали да влезе во собраниска процедура и да се изгласа како решение

Мисајловски: Очекувам утре или задутре измени во законот за фингерппринт терминали да влезе во собраниска процедура и да се изгласа како решение

Добро е што денеска слушнавме дека има политичка волја од власта да се разговара и за методологијата и за сите оние технички работи, бидејќи навистина претходно дававме добри предлози и решенија. Зборувам кога го поднесоа овој закон со европско знаменце, ние дававме добри предлози и решенија, односно европски практики и норми. Ако навистина сакаат добар попис, а исто така и ВМРО-ДПМНЕ сака навистина реален попис, да биде статистика, а не само политички договор меѓу Зоран Заев и Али Ахмети, туку навистина секој да се чувствува комотен. Добро е што слушаме дека овие од власта сакаат да има политички компромис односно да се најде решение за сите овие добри практики што ги има не само во соседството туку и во ЕУ, да се имплементираат, појасни Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во централниот дневник на телевизија Сител.

Мисајловски додаде дека користење на фингерпринт терминали е веќе договорено од минатата година, а оваа треба само да се имплементира. Но, власта имаше некои обиди да се не се имплементира и започне со користење на фингерпинт терминали.

„И еве конечно се договоривме за ова прашање и утре очекувам или задутре ова да влезе во собраниска процедура и да се изгласа како решение. А, се разбира има две работни групи каде што разговараат за сите оние технички работи околу законот и се разбира и ќе има договор за сите овие места каде што навистина негде не може или слично, но ќе се најде алтернатива за да се договори сето ова“, рече Мисајловски.

Мисајловски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ сака предвремени парламентарни избори час поскоро. Но потребно е да се биде рационален, приоритетна тема на денешниот состанок беше КОВИД пандемијата за да се спасат што повеќе човечки животи и да се одложи пописот.

Најнови вести