Денеска тука сме општина Јегуновце да разговараме со граѓаните, да видиме што имаат да ни кажат, продолжуваме со нашиот караван „Обнова на Македонија“ , разговараме на сите актуелни теми и добро е да се слушнат граѓаните и во што помасовен број да не искритикуваат, но и да ни дадат идеи како да продолжиме понатаму, рече во своето излагање пред насобраниот народ во Јагуновце потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.
-Добро е што голем број на граѓани доаѓаат и кажуваат што да предложиме во следната програма на ВМРО-ДПМНЕ ,која треба да биде една од најдобрите програми и да допре до сите граѓани, затоа сме внимателни овој период да бидеме со народот. ВМРО-ДПМНЕ секогаш била со народот, но овој пат за кратко време ни доаѓа техничка влада, ни доаѓаат многу предизвици и затоа целото раководстсво на ВМРО-ДПМНЕ е на терен, заедно со многуте граѓани ја исцртуваме програмата. Затоа и додека сме во техничката влада, но и потоа ќе покажеме во изборната кампања дека ВМРО-ДПМНЕ ги има најдобрите кадри, а од друга страна ВМРО-ДПМНЕ е спремна за избори да ја води Република Македонија во новата влада, стакна Мисајловски.
-Ние сме амбициозни луѓе и сакаме амбициозни проекти, затоа насекаде во Република Македонија се случува оваа „Обнова на Македонија“. Им благодариме на сите граѓани коишто излегуваат, коишто ни даваат поддршка, а од друга страна ни даваат позитивна енергија за да продолжиме. Сведоци сме на многу погрешни политики коишто ги води оваа власт, сведоци сме на една изјава вчера што ја спомна првиот човек којшто треба да води Република Македонија, господинот Стево Пендаровски. Наместо позитивна енергија да шири како Врховен командант, како човек што треба да обединува, ние слушаме дека сака да си замине што побрзо. Епа да си заминете, ние ви велиме да си заминете сите, и затоа ќе работиме за што побрзо на 12-ти април следната година да ве испратиме во пензија, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку, претходно преку Фејсбук потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски информираше дека денеска караванот за „Обнова на Македонија“ е на терен во Јагуновце.
Денеска бев во Јегуновце со караванот #ОбнованаМакедонија. Како и секаде во државата и тука е истата слика. Разочарување, депресија, безнадежност и очај. И тука нема ништо од дадените ветувања. Се што Јегуновце доби е зголемен процент на невработеност и затворена фабрика, пишува на Фејсбук потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.
-Ова мора да се промени. Ова мора да го промениме. ВМРО-ДПМНЕ има сила, знаење, желба и капацитет да го промени ова секојдневие. Заедно со народот да донесеме просперитет и подобри услови за живот на нашите сограѓани. Ние нема да бегаме, туку ќе се соочиме со проблемите и со многу работа ќе ги решаваме, порачува Мисајловски.
Ако Пендаровски Стево и владата на СДСМ сакаат да си одат доколку не се на своите удобни фотелји и функции, ние ќе останеме со народот на Македонија и со неговите маки и проблеми, затоа што оваа прекрасна држава и овој честит и достоинствен народ заслужува обнова, додава Мисајловски.