Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски изрази сочувство за загинатите од вчерашната несреќа и посака повредените побрзо да закрепнат.
„Огромна болка и тага во Македонија!
Секој од нив е нечије дете, татко, мајка, родител и наш пријател.
Искрено и неизмерно сочуство до семејствата на оние кои ги загубија животите, а повредените побрзо да закрепнат од оваа страотна несреќа.
Никогаш да не се повтори“-порача Мисајловски!