понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мисајловски: Откако СДСМ е на власт имаме политички прогон на секое ниво, криминалци се на слобода и се добиваат драконски казни по нарачка

Мисајловски: Откако СДСМ е на власт имаме политички прогон на секое ниво, криминалци се на слобода и се добиваат драконски казни по нарачка

Од страна на СДСМ откако е на власт имаме политички прогон на секое ниво, вие сте полни со омраза и јас жалам за сите постапки кои се случиле, јас жалам за многу луѓе кои се нашле во тие околности, јас жалам за тоа што на локалните избори имавме најнерегуларни избори во Република Македонија, ова вечерва во гостувањето на телевизија 24 го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

-Јас жалам што мојата куќа се запали, јас жалам што мојот дом беше ограбен, имате и камери од мојот дом и кола и човек и тој не се најде никогаш, жалам за дете што е избодено, а вие криете за тоа, јас жалам за сето она што го криете вие. Ако сакаме да направиме добра држава дајте да имаме исти аршини, исти принципи за секој, вие велите криминалци, јас колку што се сеќавам вие ослободивте многу луѓе од затвор пред локалните избори, можеби некој требало да излезе, некој не, не сум експерт и не можам да судам, но вие пуштивте од затвор преку 800 затвореници. Еден од вашите главни аргументи на изборите беше дека ќе направите посебен закон дека ќе ослободувате криминалци и тие излегоа, вели Мисајловски.

Мисајловски додава и дека судовите не судат согласно принципи.

-Ако имате вие убиства и некој добиваат казна од една или две години, сега имате драконски казни од 13 години по порачки тоа не бива и не е во ред, рече Мисајловски.

Најнови вести