Во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски праша дали оваа влада до сега не гледаше што се случува и дали оваа влада не можеше да ја предвиди кризата?
-И сега таа предвидливост бидејќи ја нема, се уште ќе има поскапувања. Ние од крајот на денот што ги предлагаме мерките не се за СДСМ, не се за ВМРО-ДПМНЕ туку за народот. А, ние исто така бараме и други мерки за електричната енергија, мерки со кои што ќе им се помогне и на општините. Општините се целосно заглавени со сметките за струја. Сето ова наведува на една голема инфлација односно колку се ќе поскапи во државата, истакна Мисајловски.
Мисајловски посочи дека граѓаните треба да знаат колку Владата не се грижи за нив, и ги доведе да се соочуваат со неколку кризи не само со една криза.
-Во минатото власта за секоја добра работа излегуваа со тапани, а сега веќе една цела недела се скриени од граѓаните и не се појавуваат во јавност. Поради тоа граѓаните немаат доверба во власта и затоа се случува ова што се случува на улиците и на бензинските пумпи па дури и во продавниците, драгсторите, нагласи Мисајловски.
Мисајловски рече дека власта се поигрува со интелигенцијата на народот. Власта пласира евтина демагогија. Со просечната плата во Македонија околу 330-350 литри гориво може да се купи. И власта вели дека нафтата поскапува во селиот свет, а во Македонија е најевтина. Но, со просечната плата во Грција може да се купи околу 650 литри гориво. Во Хрватска исто така толку може гориво да се купи како во Грција. Во Бугарија може да се купи околу 500 литри гориво. А, во Србија е околу 400 литри со една просечна плата. А, Македонија е на некои 330 литри.