Пратениците од власта само што гласаа против предлогот законот на ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на пензиите за 20%. Изгледа се уште не ја примиле пораката од народот од последните избори, се вели во Фејсбук статусот на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
-Но, набрзо ќе има нови избори, па ќе се соочат со народот уште посилно и помасовно. Ќе им стане јасно народот на која страна е! ВМРО ДПМНЕ на изборите вети, а тоа што е ветено ќе биде исполнето по заминување на оваа неспособна власт, истакна Мисајловски.