петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мисајловски: Редиците граѓани и големата излезност се доказ дека сите сакаат да се смени оваа власт

Мисајловски: Редиците граѓани и големата излезност се доказ дека сите сакаат да се смени оваа власт

Дојде и 15 јули денот кога македонскиот народ може да си го даде својот глас, јас се надевам на убедлива и сигурна победа на ВМРО-ДПМНЕ, може тоа да се види дека редици граѓани доаѓаат, а тоа значи дека сите сакаат да се смени оваа власт, ова денеска преку изјава за медиумите од своето избирачко место го истакна носителот на Изборната единица Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Посакува сите граѓани да имаат убав ден, ги охрабрувам сите граѓани да излезат да гласаат, без инциденти, без нешто неочекувано, а не она што го прави СДСМ, агетираат на терен, асфалтираат улици во молк и така натака. Со сето тоа што го прават ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, народот ќе излезе во голема бројка, тоа можеме да го забележиме бидејќи се помасовно сакаат да излезат и да заокружат за Македонија, вели Мисајловски.

Тој ги охрабрува сите граѓани да излезат и да имаат убав ден и се разбира ВМРО-ДПМНЕ да ја прослави победата, а потоа многу набрзо да ја формира и Владата.

Најнови вести