Кога ќе ги видите анкетите, кога ќе го видите расположението на граѓаните, преку седумдесет проценти се разочарани, што значи дека не се живее добро во Македонија, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски вои емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа.
-Кога ќе ги видите бројките и од пописот и од сите релевантни институции имаме многу млади кои сакаат да си заминат од државата, многу граѓани сакаат да си заминат од Македонија, зошто? Зошто е слаба економијата, зошто не веруваат во системот, во судството, во здравството, затоа што не веруваат во ниту една институција во која треба да извадат некој документ, истакна Мисајловски.
Тој потенцираше дека сите овие работи ја прелиле чашата и дека нема слух во СДСМ и ДУИ за најважните прашања во државата.