Денеска се наоѓам во Ѓорче Петров а зад мене се наоѓа Клиничкиот Центар на СДСМ. Со скапите реклами што ги најавуваат од СДСМ дека градат клинички центар, можете да погледнете на оваа пољана дали воопшто се гради и дали има некаков Клинички Центар, изјави денеска од местото во Ѓорче Петров каде што требаше да се гради клиничкиот центар носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ2 Владо Мисајловски.
Ова е симболот на СДСМ за проекти, го повикувам Александар Наумовски, градоначалникот на Ѓорче да дојде да кажи дали тука се гради Клинички центар. Го повикува Оливер Спасовски да дојде и да покаже на граѓаните дали тука се гради Клинички Центар, дали има нешто започнато. Доста е со манипулации и лаги, доста со вашите црни сценарија, доста со вашите симболи за неспособност и неработа, додаде Мисајловски.
Доаѓа време на обнова. Нека погледнат граѓаните внимателно. Додека СДСМ размислува да си поигрува со интелигенцијата на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде на терен за да ги покаже сите симболи од проектите на СДСМ, порача тој.
Клиничкиот Центар не постои, како што не постојат 230 нови километри автопат, како што не постојат и тие 500 километри најавен автопат, како што не постојат инфраструктурни објекти во Ѓорче Петров и во целата изборна единица 2, потенцираше носителот на листата во ИЕ2 на ВМРО-ДПМНЕ Мисајловски.
Ова позади мене е пустош, ова е нешто што три години го најавуваат дека ќе го започнат, а сега во изборната кампања велат дека го градат. Затоа граѓани ве замолувам да одберете внимателно дали сакате обнова и проекти или сакате неспособност, лаги и пустош приредени од СДСМ. Вие избирате и затоа на 15-ти јули изберете обнова, рече Мисајловски.