четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мисајловски: Се надеваме дека СДСМ ќе останат на зборот и ќе поднесат оставка, а Заев час поскоро ќе си замине- ВМРО-ДПМНЕ со сите демократски алатки ќе бара избори

Мисајловски: Се надеваме дека СДСМ ќе останат на зборот и ќе поднесат оставка, а Заев час поскоро ќе си замине- ВМРО-ДПМНЕ со сите демократски алатки ќе бара избори

Ова е еден од тековните Извршни комитети, но после целата драматична ситуација што се случуваше во Македонија, се разбира прва точка е разгледување на сите оние состојби околу изборите, бидеќи после изборите мора да ги следиме сите резултати- каде имавме одличен резултат, а каде треба да се подобриме, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски за Македонската Радио Телевизија, во однос на партискиот Извршен комитет кој заседава вечерва.

-Втора главна точка е актуелната политичка ситуација, случувањата што беа во Собранието, се разбира и она што ние го бараме како брзи парламентарни избори и нашето делување во иднина. Ние постојано велиме дека во ова мочуриште во Македонија, каде што секој граѓанин веќе знае дека се киднапираат пратеници за да се одржи едно мнозинство, фигуративно кажано, бидејќи знаете дека го немаше едниот пратеник цел ден, но можеше тој пратеник само сабајлето да пријави отсуство и немаше да дојде на седницата и ќе немаше она мнозинство кое ние го планиравме, но сепак одлучи на некој ваков начин да се случи како во некои јужно-американски земји каде што гледаме дека со ливчиња читаат позади на бел ѕид и кажуваат што ќе им се случува, какви закани имаат, наеднаш го виделе европскиот пат и сето тоа во Македонија се случува како една голема трагедија, пак ќе кажам, трагедија и циркуз. Затоа и нашиот претседател се извини на сите граѓани затоа што мора секој еден да го гледа тоа, но ние мора да продолжиме да живееме во реалноста, рече Мисајловски и додаде:

„Ќе ги следиме сите оние активности што ќе се случуваат, но се надеваме дека СДСМ ќе останат на зборот дека ќе поднесат оставка, а Заев час поскоро ќе си замине, а ВМРО-ДПМНЕ со сите демократски алатки ќе бара избори, тоа е решение за овој период“.

Најнови вести