четврток, 8. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мисајловски со порака до Лукаревска и Адеми: Доста беа флоскули, граѓаните очекуваат проекти и подобар живот

Мисајловски со порака до Лукаревска и Адеми: Доста беа флоскули, граѓаните очекуваат проекти и подобар живот

Се знае кој ќе биде премиер, премиер ќе биде Христијан Мицкоски тоа го знае и Зоран Заев, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 2, Владо Мисајловски.

-Треба да се знаеме дека треба за програма да збориме, што тој премиер ќе понуди, дали е овој или оној тоа е неважно, важное како ќе ги решиме проблемите. Да ВМРО-ДПМНЕ вели дека ќе ја качи платата за 25 проценти, вели дека ќе има 20 проценти поголеми пензии. Тоа треба да го збориме, а не само дека треба некој да биде премиер од политичка партија. Дај да се натпреваруваме во она што граѓаните го очекуваат, истакна Мисајловски.

Мисајловски во својата реплика кон Арбр Адеми од ДУИ и Сања Лукаревска од СДСМ им порача дека граѓаните очекуваат проекти, подобар живот, капитални инвестиции, а не празни флоскули.

Најнови вести