Јас сум секога да доаѓаат нови луѓе во политиката да се шири секоја политичка партија, но јас незнам како СДСМ ќе вункционира ако остане Оливер Спасовски или ако си ги задржат позициите луѓето кои ги водат кабинетите, еден куп директори имаат и сега ако они се променат со пет или шест луѓе, ако не ја сменат реториката, ако не го сменат однесувањето, ако не престанат тие нови луѓе да кажат стоп на криминалот и корупцијата каде што е на секаде, ако не престанат со злоупотреба на судството, ние ќе гледаме едни исти луѓе кои ќе тонат во кал, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
-Таква влада нема да издржи ни сто дена. Јас ја знам матрицата, еве го гледам и осносот што го имаа последната година СДСМ кон пратениците, буквално беше живи луѓе сакаат да јадат, така и се однесуваа, но видоа дека со тој однос премногу летнати горе во небото, на крајот народот го гледа тоа и го казни, истакна Мисајловски.
Тој испрати апел до сите функционери да си бидат нормални баш онакви какви што биле пред да ја добијат функцијата, бидејќи ако не е така следува и казна од народот.