понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мисајловски: Важно е и ги охрабрувам младите да останат во татковината и заедно со идната влада на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија да ја направиме подобро место за живеење

Мисајловски: Важно е и ги охрабрувам младите да останат во татковината и заедно со идната влада на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија да ја направиме подобро место за живеење

Многу луѓе, посебно младите се разочарани од власта поради нефункционирање на системот, затоа што луѓето не можат да завршат работа во институциите и за тоа мора да фаќаат врски, термин не може да се најде за да закажат за сликање за пасош, лична карта. Јас имам пример, каде што наши граѓани ми кажале дека за сликање за пасош им закажале во јули, август следната година, тоа се многу месеци, затоа се луѓето разочарани и сега си викаат кога ќе го земам пасошот ќе си заминам, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Тој во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа истакна дека младите се разочарани од актуелната власта која не воспостави функционирање на системот, напротив го руинираше и тие единствено што размислуваат е да си заминат од државата.

„Многу од нив се разочарани од институциите и тоа треба да го смениме. Треба да размислуваме на дигитализација, треба да размислуваме како со помалку ресурси повеќе продуктивност да има во самите институции, а не само да се вработуваат луѓе. Треба да размислуваме како младите кои што се нај квалитетни и најголем дел од нив разочарани, први да влезат во институциите да помогнат, по готово оние што се млади и паметни, бидејќи требаат а не да заминат во странство и таму да бидат најпаметните во тие институции и општества, бидејќи добро е за државата да останат тука“, рече Мисајловски.

И затоа, додаде тој, со новата програма на ВМРО-ДПМНЕ и она што ние како платформа ќе го понудиме следниот период е младите да се пронајдат тука во Македонија, бидејќи ова е шанса сите да се сплотиме, а не само да се казни ДУИ и СДСМ кои се на власт, туку да се даде шанса за нов почеток и нов просперитет.

Мисајловски посочи дека од сите политичари треба да се извади најдоброто и тие да го дадат максимумот од себе за доброто и во интерес на држава и граѓани, а тоа може да се види оваа нова генерација на ВМРО-ДПМНЕ и тоа може да се види на дело и во општините каде што градоначалници се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, како и од пратеничката група дека се многу поразлични како и од раководството на партијата.

„И затоа ги охрабрувам младите луѓе да останат во Македонија, затоа што ќе има подобра иднина за нив. Затоа што важно е да останат во Македонија и да ја градат државата и сите заеднички да придонесеме за Македонија да ја направиме подобро место за живеење“, рече Мисајловски.

Во однос на рејтинзите кои во последните истражувања на јавното мислење, ВМРО-ДПМНЕ на чело со претседателот Христијан Мицкоски води два спрема еден во однос на владејачката СДСМ, Мисајловски истакна дека и порано истакнал дека колку подолго нема избори толку поголема ќе биде разликата на анкетите која подоцна ќе се одрази и со гласови на избори.

Најнови вести