Владава ни е изгубена во просторот и времето !!! Се вели во Фејсбук статусот на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
-Пред некој ден се пофалија дека ја завршиле социјалната зграда во Гостивар што мора да кажам дека е одличен проект, но може да се види дека како проект на ВМРО – ДПМНЕ сме имале увид на градежните активности уште во мај 2016 година, истакна Мисајловски.
Прашањето е што правеа 5 години како власт или мислеа дека народот ќе заборави, па ќе прикажат дека имале нов проект? Праша тој.
Исто така ја враќаат пресметката и моделот за зголемување на пензиите што ВМРО-ДПМНЕ го воведе уште во 2012 година, а власта го укина во 2018 година и со тоа им одзема многу средства на сите пензионери скоро 3 години, потенцираше Мисајловски.
НЕСПОСОБНИ! Додаде тој.