петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мисајловски: Власта на сила сака да го смени пратеникот Фадиљ Зендели кој според нив не треба да биде ниту член на комисија

Мисајловски: Власта на сила сака да го смени пратеникот Фадиљ Зендели кој според нив не треба да биде ниту член на комисија

Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ денеска од собраниската говорница вели дека власта на сила сака да го смени пратеникот Фадиљ Зендели кој според нив не треба да биде ниту член на комисија.

-Оваа комисија ќе одлучува кој ќе биде уставен судија, но до вчера Фадиљ Зендели можеше да одлучува кој да биде, но денеска веќе нема да може откако власта ќе излезе да гласа, бидејќи не е под нивна контрола и затоа ова е целосна партизација, вели Мисајловски.

Тој додава дека дали е деловнички или не, не е важно, бидејќи е на сила е донесена оваа одлука и во тоа било целиот проблем.

-Најголемиот проблем е што на сила го менувате човекот кој што седи тука, кој е компетентен да помогне, рече Мисајловски.

Тој додава дека исклучувањето на пратеникот од комисијата е главна тема во медиумите бидејќи власта нема со што друго да се пофали во јавноста.

Најнови вести