Носителот на Изборната единица 2 Владо Мисајловски денеска е во посета на населеното место Младо Нагоричане.
-Убавиот ден го искористив да го посетам Младо Нагоричане. Се сретнав со жителите од ова населено место и поразговаравме околу проблемите кои ги имаат овие луѓе. Велат дека во изминатите неколку години се изнаслушале лаги и ветувања од страна на СДСМ. Функционерите доаѓале, барале гласови, а потоа никаде ги немало. Така држава не се води. Секој граѓанин заслужува да има достоинствен живот и ние сме должни тоа да го обезбедиме во рамките на ингеренциите. Им го презентирав делот од програмата кој што се однесува на ова населено место и ги уверив дека се што е напишано, ќе се исполни. Ќе се исполни затоа што ние не сме како нив. Ние сме чесни, работливи и се обврзуваме на решавање на проблемите на граѓаните.
Обновата доаѓа насекаде!??
#ИсправиСеМакедонијо #Заокружи14, стои во неговиот пост на Фејсбук.
Убавиот ден го искористив да го посетам Младо Нагоричане. Се сретнав со жителите од ова населено место и поразговаравме…
Posted by Vlado Misajlovski on Wednesday, July 1, 2020