Владо Мисајловски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во своето вклучување во вестите на Канал 5 посочи дека во период на пандемија, кога многу граѓани се ограничени, кога многу фирми се затворени не треба да се донесува Уредба за продавање на земјиште и ниту пак да се менуваат толку често Уредбите, бидејќи на крајот од денот трпат граѓаните и економијата.
Оваа влада, оваа техничка влада со самото прогласување на вонредната ситуација тие треба да се грижат сите овие одлуки што ќе поминат на влада да бидат во врска со овој случај на пандемија. Се што ќе носат, сите мерки треба да бидат во согласност како да им се помогне на граѓаните, бидејќи сепак ова е техничка влада, појасни Мисајловски.
Мисајловски додаде дека и општините продаваат земјиште тоа е синџир на кој треба да се внимава, но пред избори тоа е забрането, а за сето ова треба да се произнесе и Антикорупциската комисија, дали во овој период сите овие продажби на земјишта се неопходни, дали сега треба да се прават.
Цената и продажбата на земјиште треба да биде во целосна транспарентност, за секој еден кој што е заинтересиран да може да се пријави. Но во услови сега каде што многу граѓани се ограничени, каде што многу компании се затворени и немаат можност да работат, навистина не знам зашто постојано секоја недела се менуваат Уредбите на Владата. Па по една недела гледате дека погрешиле нешто, па потоа пак менуваат и така во круг. И на крајот од денот за жал трпи обичниот граѓанин и целата економија, истакна Мисајловски.
Мисајловски потсети кога тој бил министер се менувал Законот за градење. И тој закон многу пати бил предмет на измена, но секогаш било во интерес на градбите и на економијата, никогаш за нешто друго.
И секогаш кога треба да има поголема економија, каде што треба да се развиваат нови капитални инвестиции, проекти во Македонија тој закон односно закон за градење е подложен на менување. Но се рабзира дека треба да биде во интерес на граѓаните, нагласи Мисајловски.