Вчера во кумановското село Челопек во големите пожари која ја зафатија Македонија животот го загуби 60-годишната Стојанка.
Безживотното тело се уште не е најдено, со механизација но и рачно, внимателно се пребарува секој метар.
Исчезнатата жена не се најде, а тоа ги чудеше и увидните екипи.
Мистеријата ја зголемуваат и изјавите на мештаните, соседите и роднините. Едни велат дека тешко подвижната жена ја виделе надвор непосредно по пожарот кога и самите се спасувале. Неофицијално, од внатрешноста на куќата Стојанка комуницирала со својата сестра за опасноста од пожарот.
Дедо Борис, пак, нејзиниот животен сопатник пред чии очи се рушеше куќата во која живеел во вонбрачна заедница со Стојанка, вели дека огнот го начекал на спење и дека бил целосно беспомошен.
Стојанка беше надвор веднаш по избувнувањето на стихијата, тврди пак, нивната соседка.
Пожарникарите, пак, кои дејствувале на самото место имаат свои забелешки. Тие не биле воопшто информирани дека некој има во куќата која гори.
Иако се уште официјално не може да се потврди првата жртва од пожарите, попладнево на прес конференција директорот на ЦУК Стојанче Ангелов изрази сочувство за жената од Челопек.