недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Митева: Дали Ветон Груби купува, а Артан Груби плаќа, ДКСК има должност веднаш да постапи

Митева: Дали Ветон Груби купува, а Артан Груби плаќа, ДКСК има должност веднаш да постапи

Ветон Груби купува, а Артан Груби плаќа. Вака некако изгледа врската во семејството Груби, а тоа најдобро се гледа по купувањето на дуќанот на улица Македонија од страна на Ветон Груби и наплаќањето за туристички услуги од државните институции со кои раководи Артан Груби. Или математички тоа би изгледало вака: Ветон Груби купува за 6 милиони денари, а добива од државата или директно од брат му еден милион денари. Практично, 1/6 од тоа што дал Ветон Груби си наплатил од Артан Груби.

Ова се отворени сомнежи за кои институциите треба веднаш да реагираат особено затоа што ова директно се коси со правните одредби од Законот за спречување на корупција и судир на интереси. Доколку институциите не знаат по кој член треба да постапат еве и тоа ќе им го посочиме. Имено, во чл. 72 ст. 1 од Законот е наведено дека службеното лице во текот на вршењето на позицијата е должно да внимава на потенцијален судир на интереси, како и да преземе мерки за негово одбегнување. Ако одиме подетално, во истоимениот Закон постои одредба со која Артан Груби би требал да информира за потенцијален судир на интереси. Но, тоа е невозможна мисија со оваа власт. Напротив, тие не се борат против корупцијата туку се креатори на истата.

Ветон Груби како сопственик на фирмата ЕТЦ ТРАВЕЛ ДООЕЛ Скопје наплатил туристички услуги во вредност од 1 милион денари од државни институции дури 8 пати. Се поставува прашањето дали целта била да се стигне до наплата од еден милион денари или пак целта било по секоја цена братот на Артан Груби да добие државни пари? Аздисаноста оди до таму што Владата чиј втор човек е Артан Груби префрла пари на ЕТЦ Травел на Ветон Груби три месеци по ред во 2020 година или пак во два наврати во временска дистанца од само 5 дена во 2021 година. Изгледа важно е секоја година по неколку трансакции да има кон ЕТЦ Травел на Ветон Груби.

Почитувани,

Дали овие информации не се доволни на ДКСК веднаш, без одлагање да постапи по истите и конечно да не биде институција која го констатира неправилното работење на власта, туку да преземе конкретни чекори. Зошто ДКСК веќе три дена молчи за овие сознанија кои се јавно достапни и објавени на алатката отворени финансии од каде се гледаат сите информации за изведените трансакции. Дали повторно ДКСК ќе најде изговор дека немаат доволен кадар и средства за 5 минутна онлајн проверка на отворени финансии?

Додека сите надлежни институции молчат, СДС и ДУИ ги претвораат државните институции во подружници на нивните фирми, државниот апарат се користи за да се создадат добри бизнис услови за фирмите на луѓето од власта, а да се оневозможи развојот на сите други.

За ова ќе следи одговорност!

Најнови вести