сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Митева, Ѓорчев и Андоновски на конференција во Виена: Само проширување на ЕУ е вистински чекор во овие тешки геополитички и безбедносни предизвици

Митева, Ѓорчев и Андоновски на конференција во Виена: Само проширување на ЕУ е вистински чекор во овие тешки геополитички и безбедносни предизвици

Претставници на ВМРО-ДПМНЕ на меѓународна конференција во Виена. Членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева и Влатко Ѓорчев, како и меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски, се во дводневна работна посета на Виена, Р. Австрија, соопштија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ учестуваат на меѓународната конференција „Поврзување на Европската народна партија во регионот“, организирана од фондацијата Конрад Аденауер. Овој настан обединува пратеници од Европскиот парламент, како и политичари од Австрија, Германија, Грција, Кипар, Словенија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина. Генерален заклучок на учесниците е дека во услови на сериозни геополитички и безбедносни предизвици, само вистинско проширување на Европската унија е правилниот политички одговор. Посилното обединување означува и посилна Европа, се вели во партиското соопштение од партијата.

На покана на македонските претставници, следната ваква меѓународна конференција ќе се одржи во Скопје, во месец октомври, додаваат од тмау.

Најнови вести