вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Митева им објасни на СДСМ што е тоа „мизогинија’’

Митева им објасни на СДСМ што е тоа „мизогинија’’

Фејсбук статус на Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ:

СДСМ гоогла – ‘’мизогинија’’

(едн.) мизогинијата

Вид збор: Именка, женски род

Омраза кон жените или верување дека мажите се многу подобри од жените.

Занемарување, тривијализирање, маргинализирање, игнорирање, потценување и непризнавање на женскиот морален субјект се нераскинлив дел од нашата социо-културолошка матрица.  Пишувајќи ја реченицава, буква по буква, збор по збор се прашувам само дали е најправилно тука да запрам со пишување. Можеби е доволно да биде една реченица која ќе предизвика повеќе интерес од се друго напишано.

Но, ние останатите, што најверојатно живееме во друг свет на вредности, се уште ревносно се трудиме да зборуваме за жената како дел од современото општество.

Наспроти сите декларативно добиени законски права што ги изедначуваат жените и мажите, еманципацијата на жените и на мажите се поставуваат како два процеси кои меѓусебно се исклучуваат, додека еманципацијата и стремежот на жените да го достигнат максимумот во своите кариери се претставува како негативна појава. Имав спротивно чувство за ова. Имав чувство дека во општеството е созреана идејата за тоа колку имаме потреба од жена/и во политиката, особено на носечките функции. Но, тука ми стана јасно дека всушност многумина не знаат што значи мизогинијата. А сите заедно се вклучивме во една прекрасна кампања во која требаше да заокружиме НЕ за насилство врз жените во политиката. Но, тој круг СДСМ го затворија само на хартија.

Не поминаа ниту денови, ниту часови од кога Данела стана мета на експлицитна мизогинија. Напад по секоја основа, неосновани навреди, многумина од нив скриени зад тастатурата зошто тогаш се најхрабри. Квалификации за тоа “чија е”, колку (не)може и колку (не)знае паднаа врз нејзиниот грб. Но, по втор пат падна и молкот од општествените чинители кои не го осудија тоа. Не така далеку беа и претседателските избори, професорката Силјановска може многу да ви каже. Впрочем, таа прва го запре молкот и јавно праша.

Време е да ја проектираме иднината на политиката како доблесна, продуктивна и креативна, визионерска функција во општеството, во која ЖЕНАТА ќе биде важен, влијателен фактор и тоа ќе биде РЕДОВНО, ВООБИЧАЕНО И ТРАЈНО!

Данела Арсовска, само ХРАБРО

Најнови вести