Пратеникот од редовите на СДСМ и поранешен директор на АМС, Дарко Каевски, само во последната година го зголемил својот недвижен имот за скоро 170 метри квадратни станбена површина, изјави на денешната прес-конференција Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.
Таа посочи дека Каевски во анкетниот лист, навел дека новостекнатиот недвижен имот е стекнат по пат на наследство, исто како и претходните недвижнини. Неговиот имот брои три стана, куќа и деловен простор.
-Дали ова е начин да се сoкрие вредноста на стекнатиот имот поради што би се отвориле прашања како и на кој начин е стекнат имотот? Како со државна плата се обезбедува волкав имот и колку време му е потребно на работник со просечна плата да го обезбеди ова ниво на стекнат имот? Се поставува прашањето на кој начин ги стекнавте средствата за купување на овие недвижнини и дали при тоа купување имаат улога финансии стекнати преку вршење на услуги кон државата? Јавноста очекува одговори. Дали е ова начин на кои се добива наградата на сметка на државата? Дали СДСМ од носителите на јавни функции создава млади политичари со големи сметки?, прашува Митева.