Вчера на дебатна емисија Стефан Богоев изрази желба јас и тој заедно да помогнеме на едно семејство од социјален ризик од општина Аеродром, притоа го повика и градоначалникот Тимчо Муцунски. Јас денес очекував дека ќе добијам повик за да ја реализираме неговата желба, но тоа не се случи. Како што кажа тој, станува збор за семејство од социјален и здравствен ризик и искрено се прашувам зошто не ги информирал и повикал надлежните институции да реагираат и да помогнат. Јас ценам дека е време институциите на државата да ги решаваат проблемите, така се создава доверба во системот на државата, стои во Фејсбук статусот на порптаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
Таа напиша дека институциите се тие кои треба да бидат на прва линија и имаат примарна должност за решавање на секој вид на проблеми со кои се соочуваат граѓаните.
– Јас никогаш нема да одбијам покана за хумана акција, иако неговата цел беше ова да биде само “показна вежба”. За таа цел, сакам оваа показна вежба да ја претворам во трајно решение. Го информирав градоначалникот Тимчо Муцунски и сега очекувам Стефан Богоев да ги информира надлежните институции, во овој случај Министерство за труд и социјална политика, Министерство за здравство, Фондот за здравствено осигурување на Македонија и други институции доколку цени дека се надлежни бидејќи подобро го знае проблемот со кој се соочува тоа семејство и заедно со нас на таа “показна вежба” да ги повика и Министрите и директорите Јована Тренчевска, Беким Сали и Магдалена Филиповска – Грашкоска кои ќе се запознаат со проблемот и ќе изнајдат трајно решение за состојбата во која се наоѓа семејството од општина Аеродром. Ова е принципот кој е прифатлив за мене, за Тимчо и за ВМРО-ДПМНЕ. Ова е начинот на кој замислуваме да фунцкионира државниот систем на Македонија. Да ги намалиме донаторските акции во кои учествува општеството, а да ги ставиме во функција органите на државата. Механизми има, треба работа, посветеност и еднаков пристап кон сите. Македонија е на сите луѓе, додава Митева во својата Фејсбук објава.