Власта создава пиар какофонија во јавноста давајќи различни изјави во различен временски интервал, дали ги менуваат изјавите кои ги дале пред месец два. Кога сме кај сметките за струја велеа дека оваа зима нема да имаме набавка на електрична енергија, напротив дека 100% ќе биде од домашно производство, денеска видовме вест кај што најавија дека за месец ноември ќе се набават 72.000 мегават часови електрична енергија, а за декември ќе се набават 49.000 мегават часови, изјави Марија Митева портпарол на ВМРО-ДПМНЕ за „Заспиј ако можеш“ на Алфа Телевизија.
Митева посочи дека по денешната цена на електрична енергија од околу 180-200 евра за мегават час ако направиме пресметка тоа се милиони евра кои ќе се дадат за купување на електрична енергија.
– Тоа е уште едно од нивните празни ветувања кои ги даваат на граѓаните да купат социјален мир за краток временски период, но како изминува времето работите излегуваат на виделина и граѓаните се свесни дека со ваква неспособна влада не чека тежок период.
Во врска со греењето на Скопје, Митева истакна дека од министерството за животна средина велеа дека ќе се забрани греење на Скопје на дизел, за денеска да прочитаме во медиумите дека истото министерство дало амин да греењето се префрли на дизел.
– Во однос на парно греење кога се даде од страна на ВМРО-ДПМНЕ аларм дека во Скопје ќе биде тешко оваа зима дека треба да се направи анализа, план, како да се набави гас, министерот за економија се обиде да биде духовит кажа како ќе го носиме дали преку авион или други цевководи, и сега навистина е жално затоа што состојбата за електрична енергија и затоплување е навистина алармантна. Парите од буџетот кој граѓаните го полнат ќе завршат за купување на гас како и електрична енергија затоа што оваа влада е неспособна и нема домашно производство.