недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Митева: Предвремени парламентарни избори се излез од кризите, граѓаните на анкета на меѓународна организација кажаа дека Македонија со СДСМ се движи во погрешна насока

Митева: Предвремени парламентарни избори се излез од кризите, граѓаните на анкета на меѓународна организација кажаа дека Македонија со СДСМ се движи во погрешна насока

Предвремени парламентарни избори се неопходни после сите случувања кои ги има во Македонија. Граѓаните на последната анкета која излезе од меѓународна организација кажаа каква е предноста на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ. Кажаа дека Македонија во овој момент се движи во погрешен правец и тоа е доволен показаттел зошто СДСМ бега од избори, изјави Марија Митева член на ИК и портпарол на ВМРО-ДПМНЕ за „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Таа истакна дека единствениот излез од кризите се предвремени парламентарни избори и да дојдат луѓе кои навистина знаат како и знаат да допринесат за овие граѓани, наспроти тоа што го прави СДСМ измиантиве 5 години која освен кризи ништо друго не донесе.

– Во моментов македонија нема инфлација туку стагфлација. Тоа значи инфлација, високи цени и стагнација на економијата. Тоа е реалноста со која се соочува Македонија во овој момент. Што презема власта по однос нна кризата, каде се пакетите мерки? Еве имаме зголемување на горивата, каде се мерките? Секој изминат ден или час е на тежина на граѓаните.

Цената ја плаќаат граѓаните, потенцира Митева.

Во врска со кризата во Украина таа нагласи декаставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасно кажан и потврден во јавноста дека нема сомнеж околу враќање на мирот и стабилноста и прекинување на сите агресии кои се случуваат во Украина, како и зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет, но во државава треба да се фокусираме на економската криза.

Најнови вести