понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Митева: Преку проектот за дигитализација Царовска ги дискриминира децата и ја потенцира економската и социјална нееднаквост

Митева: Преку проектот за дигитализација Царовска ги дискриминира децата и ја потенцира економската и социјална нееднаквост

Мила Царовска продолжува со својата мисија за спроведување на дигитализација која Република Македонија ќе ја чини неколку милиони годишно, наспроти целиот скептицизам кој е презентиран во јавноста. Со овој концепт уште повеќе ќе дојде до социјална и економска нееднаквост во општеството, а директно на штета на најмладите. Вакво класно раслојување воведува токму Министерката која пред не цели две години секојдневно не убедуваше дека иднината на општеството е токму во справување и искоренување на овој феномен, изјави на денешната прес конференција, Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа вели дека класното раслојување ќе има и психолошки последици врз децата, токму ова се посочува во сите аргументи од страна на најзасегнатите и дека дополнително, техничко технолошките можности на основните училишта во Република Македонија се далеку од спремни за воведување и имплементација на ваква концепција.

– СДСМ и Царовска се обидуваат на сила да ги протуркаат ваквите скандалозни и енормно скапи концепти, притоа изоставувајќи го Уставно загаратнтираното право за еднакво образование за сите. Во целиот свој мандат, Царовска практикува неконзистентен начин на работа, а тоа во образовниот процес е недозволиво. Преку промената на наставниот процес, од настава со физичко присуство кон онлајн и обратно, од промена на наставната програма и програмските содржини на учебниците, од необезбедувањето соодветни услови за сите да ја следат наставната програма, па се до оваа скандалозна одлука за дигитализација, а притоа укинувајќи ги учебниците. Ова јасно укажува на непостоење на јасна концепција, како за примарното, така и за секундарното образование и е доказ за експериментите кои се случуваат во образованието се со цел за задоволувањето на личните мотиви, посочи Царовска.

Царовска прашува дали ќе биде дигитализацијата уште еден неуспешен, а финансиран проект како националната платформа?

– Додека се повикувате на други држави, редно е да ги слушнете и нивните искуства. Во Финска, процесот е обратен, каде и покрај воведената дигитализација, книгата е основното и примарно средство за едукација, а што е најважно, тие во моментов, а и во иднина ќе преземаат активности кои ќе придонесат учениците да поминуваат помалку време пред дигиталните уреди. СДСМ е добро позната политичка партија чии кадри повеќе располагаат со ароганција, отколку со вистинско знаење, додаде таа.

Најнови вести