четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Митева: Реформите немаат за цел подобрување на образовниот процес, одат директно на штета на државата

Митева: Реформите немаат за цел подобрување на образовниот процес, одат директно на штета на државата

Долго време наназад предупредувавме дека реформите во образованието се погрешни и несправедливи во пракса. Исто така, предупредувавме дека реформите немаат за цел подобрување на образовниот процес, напротив станува збор за задоволување на туѓи потреби, коментира Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува нејзиниот коментар: 

Во наставните програми за I и IV одделение преку темата мојата држава се предвидува учениците да градат некаков идентитет на граѓанин. Тенденцијата е јасна, да се сруши односот спрема нашата држава Република Македонија. Нема план за развој, нема долгорочна стратегија за образованието. Напротив, на сила се спроведува реформа која оди директно на штета на образовниот процес и воопшто на штета на државата.

Додека универзитетски професори, наставници, академици и родители се спротивставуваат на ваквите реформи, Царовска упорна во своите намери продолжува да објавува кратки рокови за изработка на учебници, како да станува збор за пишување на семинарска работа, а не за учебник. Всушност, ако добро забележавте конкурсот е за избор на автори кои ќе подготват материјали и прирачници за учење, а не за учебници како основно средство за едукација.

Овие таканаречени реформи се предвидени и осмислени само од Царовска и неколкумина околу неа, немаме никаква дебата во општеството, а уште помалку се слуша гласот на најзасегнатите. А, гаранција за вистински реформи е кога една политичка партија дели исти ставови со граѓаните.

Најнови вести