Марија Митева, портпарол и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес конференција одговарајќи на новинарско прашање дали сепак ВМРО-ДПМНЕ ќе има претставник во работните групи за уставните амандмани и дали понудата за менување на Уставот по хрватски модел значи дека де факто отстапувате и веќе се дел од процесот на уставни измени, ја повика владата на СДСМ и ДУИ да одговори дали го прифаќаат предлогот за одржување на превремени парламентарни избори, но и дали се согласуваат за хратскиот предлог.
Нека кажат дали прифаќаат предвремени избори и дали се согласни на хрватскиот предлог. И да повторам понудата за промена на уставот по хрватскиот модел значи дека Македонија де факто ќе биде национална држава и на хартија и во пракса, а не како досега граѓанска држава на хартија, а федерална во пракса, вели Митева.