сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Митева: СДС и ДУИ ќе продолжат да ги уништуваат образованието и економијата, затоа изборите се единствено решение

Митева: СДС и ДУИ ќе продолжат да ги уништуваат образованието и економијата, затоа изборите се единствено решение

Власта на СДС и ДУИ е делегетимирана, рече на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

-Легитимитетот, не само во однос на уставните измени, но исто така и во економијата, образованието, правдата, стопанството, е целосно нарушен. Тие не нудат решение, туку создаваат повеќе проблеми. И тоа се проблеми кои директно влијаат на квалитетот на животот на граѓаните. Имено, трета учебна година по ред се соочуваме со недостаток на книги. Првата година не знаеле, втората погрешиле, но веќе трета година по ред станува пракса. На 13 дена пред почеток на учебната година МОН соопшти дека учебници ќе нема. Повторно со истата реторика дека учебниците кои ќе биле изготвени ќе биле достапни во дигитална форма, а знаеме дека т.н реформа на дигитализација само лани заврши со печатена скрипта од 100на страници за сите предмети. И сосема е јасно од денешна перспектива зошто бараа учебната година да започне на 11 септември – затоа што се неподготвени, затоа што не умеат или веќе пологично е дека не сакаат да ги менаџираат процесите за кои се именувани и зимаат плата од народот. Понатаму, девастираната економија во Македонија секојдневно придонесува да имаме по еден нов полн автобус кој ја напушта државата. Инфлацијата е енормно висока, растот на цените се случува од ден за ден и на основните производи, нема нови инвестиции, а секојдневно се затвораат фирми и се губат работни места. Веќе од септември ќе има нов ценовен шок, на околу 1000 прехранбени производи ќе им се зголеми ДВД-то, а со тоа производите ќе добијат и нови повисоки цени, поради тоа што владата преку измени на закон ги стави во категоријата – луксузни производи. Според информациите добар дел од тие производи граѓаните редовно ги купувале и конзумирале, истакна Митева.

Почитувани, ваквите политики со СДС и ДУИ на власт ќе продолжат и ќе стануваат се полоши. Затоа потребни се избори кои се единственото решение за спас на Македонија. По вакви порази целосно неважно е што мисли делегитимираната СДС, единствено решение се брзи избори, додава Митева.

Најнови вести