понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Митева: СДСМ е креатор на кризи, ако знаеле пред 4 месеци за кризата во Украина, зошто не реагираа досега?

Митева: СДСМ е креатор на кризи, ако знаеле пред 4 месеци за кризата во Украина, зошто не реагираа досега?

СДСМ е креатор на кризи и не можеме целата вина да ја префрлиме на надворешните фактори како сега случувањата во Украина и Русија и да кажеме дека тие се единствената причина за ова што и се случува на македонската економија денес, изјави за „Само вистина“ на Канал 5, Марија Митева член на ИК и портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Кога ја споменуваат здравствената криза само ќе потсетам на колоните возила кои заминаа да побараат вакцини во соседна Србија, наместо државата да ги обезбедеше како што тоа го правеше цел свет и да трчаат по провизии во една ткава страшна здравствена криза, рече Митева.

Таа додаде дека дополнително економската и енергетската криза започна уште во 2020 година и инфлацијата почна побрзо од еврозоната, што значи дека причината се домашните фактори, а не надворешните, додека надворешните само го зголемија ефектот кој одеше во надолна линија.

– Сега имаме само зголемување на акцизата на горивата која ја покачија во април 2021 година и точно е дека ВМРО-ДПМНЕ апелира и поднесе барање да се намали акцизата за 50%, а ние денеска имаме изјава од министер за економија кој вели дека се сретнале со трговците, заклучиле поскапување но дека мерките ќе ги видиме дури утре. Што правеа до сега? Граѓаните очекуваат да се реагира што поскоро, изјави Митева.

Таа потенцираше дека за топлинската енергија реагираа откако скопјани останаа без греење, за здравствената криза реагираа откако имавме најголем број на смртни случаи во Европа, а со енергетската криза откако цените на берзите поскапеа и откако СДСМ крадеше електрична енергија од европската мрежа.

– Еве и сега за горивата се реагира после 4 месеци откако нивниот претседател кажа дека знаеле за кризата за Украина? Што правеле овие 4 месеци? – прашува Митева.

Најнови вести