петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Митева: СДСМ го создаде проблемот со Бугарија, Заев како премиер ги уништи позициите кога кажа дека македонскиот и бугарскиот народ се исти и во двете држави се говори ист јазик

Митева: СДСМ го создаде проблемот со Бугарија, Заев како премиер ги уништи позициите кога кажа дека македонскиот и бугарскиот народ се исти и во двете држави се говори ист јазик

„Едноставно СДСМ нема став по однос на предлогот. Кога нема став секогаш СДСМ зборува за нешто што не е актуелна тема и сакаат да се навраќаме. Зборува претставник од политичка партија чиј лидер Зоран Заев излезе на телевизија и јавно ги наруши македонските позиции кажувајќи дека во Македонија и во Бугарија се зборува ист јазик односно во Струмица и во Петрич. Истиот тој Зоран Заев кажуваше дека Македонците и Бугарите се еден ист народ. И сега ние треба да се навраќаме на сите негови погрешни и уназадувачки политики кои што поради СДСМ Македонија се наоѓа каде што се наоѓа. И единствено одговорен за оваа состојба е Социјалдемократскиот сојуз, истакна Марија Митева, член на ИК и портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Митева додаде дека ВМРО-ДПМНЕ многупати потенцираше дека доколку јазикот и идентитетот бидат дел од преговарачката рамка како услов нема да го поддржи тоа.

„А, од она што сега стравуваме е тоа што споменавте за билатерален протокол кој што ќе треба да се направи помеѓу МНР на Македонија и МНР на Бугарија, сакате да ми кажете дека министерот Бујар Османи не знае за што станува збор. И каков билатерален протокол би требало да се направи само во пет дена? Како само во пет дена ќе се изјасни министерот Бујар Османи дека е добро и дека треба да се потпише тој билатерален протокол? Кога ќе ги информира претставниците во Собранието? Кога ќе ја информира јавноста? И кога ќе почека да добие потврда од македонските граѓани, од оние кои што ги засега ова прашање дека тоа треба да се одобри или не треба да се одобри “, запраша Митева.

Таа посочи дека во недостиг на ставови околу прашањето за предлогот од Франција, власта се обидува да ја сврти темата и да ја обвини опозицијата. Власта има погрешна надворешна политика. Таинствено власта води разговори и не ја информираат македонската јавност.

„Јазикот и идентитетот беа ставени како проблем, прашања кои што предизвикаа проблем поради СДСМ. СДСМ го создаде проблемот да македонската јавност има дилема и да не верува во преговарачките процеси по сите штетни договори и сите лажни оптимизми кои што ги даваше со петте датуми. Дали СДСМ чувствува одговорност дека евроскептицизмот во македонскиот народ порасна токму поради нивната погрешна надворешна политика. Дали СДСМ чувствува одговорност како политичка партија? Целиот оној лажен оптимизам, лажни ветувања и немањето на реформски прогрес е одговорност токму на СДСМ“, нагласи Митева.

Најнови вести