Знаете зошто нема ликвидност во буџетот? Затоа што власта сака да има повеќе пари за нив, а помалку за граѓаните. Сите мерки кои ги понуди ВМРО-ДПМНЕ се темелно образложени со точна математика која на власта и кратат од давачките кои граѓаните ги плаќаат. Затоа не им чинат предлозите. Зошто не го прифатија предлогот за намалување на акцизата на горивата? Така ќе имаат помалку пари за крадење, а повеќе за граѓаните, изјави Марија Митева член на ИК и портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ за „Само вистина“ на Канал 5.
– Зошто власта не го намали проедлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на ДДВ-то на храната? Зошто не го прифатат предлогот за намалување односно останување на 5% до крај на годината на ДДВ на електрична енергија? До кога власта ќе одбива предлози и ќе вика дека некој друг е виновен само тие не, вели Митева.
Таа посочи дека погрешните политики на власта се видоа по колоните на бензиските пумпи и испразнетите маркети, потенцирајќи дека граѓаните реагираат панично, интервенираат и ги земаат работите во свои раце, бидејќи не и веруваат на власта кога вели дека треба да бидат спокојни им веруваат.
– Со самото барање поднесено од владата на Македонија до Србија да ни обезбеди 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка го имаме одговорот на прашањето за стоковите резерви. Согласно законот 90 дена треба да бидат полни стоковите резерви, односно да овозможат стабилност 90 дена во услови на криза, а нашите информации говорат дека се полни за 56 дена. Во однос на трговската маржа е донсена на 22 февруари што значи дека десетина дена им траат стабилните економски политики, нагласи Митева.
Таа посочи дека власта наместо да работи да ги заштити граѓаните, наместо да преземеше нешто изминативе 4 месеци, тие правеа поделби.
– Во меѓувреме власта прави поделби во општеството на ваксери и активаксери, прозападни и происточно ориентирани, но што правеа во овие 4 месеци иако знаеле дека ќе има криза? Ја замајуваа јавноста дали Заев ќе остане премиер, па дневна политика кој ќе го замени, па како имале најтранспарентен конгрес и се заврши со формирање на влада каде претседател во сенка им е поранешниот лидер, изјави Митева.