среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Митева: СДСМ со навреди кон работниците дека не заслужуваат покачување на плата го одби амандманот на ССМ

Митева: СДСМ со навреди кон работниците дека не заслужуваат покачување на плата го одби амандманот на ССМ

СДСМ го одби амандманот на Сојузот на синдикати на Македонија за зголемување на платите во јавниот сектор од 2.806 денари. Како и за се друго, така и овој пат СДСМ ги манипулира граѓаните. Нема слух за вистинските барања и потреби, нема иницијатива која го потврдува спротивното. Нема пари за работниците, но имаат пари за златен прибор, имаат пари за тендери, имаат за се само не за народот, истакна Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Исто така, пратениците од СДСМ, преку недолични, омаловажувачки и вулгарни напади ги карактеризираа работниците во јавниот сектор како лица кои не заслужуваат плата, не работат, не се ефикасни и не придонесуваат.

Ова е вистинското лице на Ковачевски и СДСМ. Ова е нивното мислење за работниците покажано на дело, додека говорите им се полни со празни зборови дека тие секогаш биле на страната на работниците. Едно зборуваат, друго прават и не е изненадувачки затоа што се уште го користат заевизмот во неговата најлоша форма – кажувам, заборавам, негирам.

ВМРО-ДПМНЕ нема да запре тука и повторно пратеничката група комисиски ќе поднесе амандман за да може сите вработени во јавниот сектор да добијат по 2.806 денари зголемување на платата.

Тоа е егзистенционално прашање и навистина сериозен проблем на сите вработени особено во време на галопирачка инфлација и ценовни шокови кои патем оваа влада го создаде.

Почитувани граѓани, премногу е!

Време е за избори и време е за промени!, додаде Митева.

Најнови вести