вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Митева: Спасовски и службите за безбедност не можат да воспостават ред, неопходно е брзо преземање на мерки со цел нормализирање на работата на училиштата

Митева: Спасовски и службите за безбедност не можат да воспостават ред, неопходно е брзо преземање на мерки со цел нормализирање на работата на училиштата

Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева одговарајќи на новинарско прашање во однос на секојдневните дојави за бомби во училиштата истакна дека МВР, АНБ и сите други служби кои што се задолжени за безбедноста во државата и граѓаните не можат да воспостават ред, неопходно е брзо преземање на мерки со цел нормализирање на работата на училиштата.

„Со месеци власта, МВР, АНБ и сите други служби кои што се задолжени за безбедноста во државата и граѓаните не можат да воспостават ред и сигурност во училиштата и во јавните објекти кои што се мета на лажните дојави за бомби. Не може граѓаните да ја плаќаат цената за оваа неспособност на Ковачевски и Спасовски. Во ниту една друга европска држава учениците не губат цели денови затоа што нивните институции не можат да пронајдат лажни дојавувачи на бомби. Оваа неспособноста на Ковачевски и Спасовски е срам и за колективната безбедност на нашите партнери од НАТО и сериозно ги поткопува темелите на системот. Ковачевски и Спасовски порачуваме дека треба да преземат мерки во најкраток можен рок за да ја нормализираат работата на училиштата пред се, а потоа и на јавни објекти кои што се мета на лажните дојави за бомби“, нагласи Митева.

Најнови вести