четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Митева: Тужбата од Каевски е одбиена како неоснована во целост, уште еден неуспешен обид на СДСМ да ја уништи политичката дебата

Митева: Тужбата од Каевски е одбиена како неоснована во целост, уште еден неуспешен обид на СДСМ да ја уништи политичката дебата

Тужбата од Дарко Каевски против мене е ОДБИЕНА КАКО НЕОСНОВАНА, во целост! Има некои работи кои јавната функција ги носи со себе (покрај вашите бескрајни привилегии) – една од нив е должноста секогаш да одговорите на прашањата поставени во јавност, а не да ги користите дејствијата на клевета како средство за задушување на дебатата или пречка да ве повикаме на отчетност, вели портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

-Немам интенција со оваа објава да покажувам кој победил, а кој изгубил…но привилегиите пак, вас во СДСМ ве мотивираат да ги користите овие методи на заплашување со цел да ја уништите политичката дебата и слободата на изразување. Неуспешно, затоа што ништо не може да ја замени и победи упорноста. Единствена моќ се упорноста и одлучноста!, пишува Митева на Фејсбук.

Најнови вести