петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Митко Јанчев: Треба да се излезе и да се гласа на референдумот

Митко Јанчев: Треба да се излезе и да се гласа на референдумот

Зоран Заев го повика ВМРО-ДПМНЕ да донесе став да повика да се гласа на овој референдум, а партијата и огромното мнозинство донесоа став кој е одговор на расположението секој да донесе одлука според сопственото убедување, односно одлука со која сите опции се во игра, пишува Република.

-Не се согласувам со одлуката на партијата во однос на референдумот. Јас сметам дека ВМРО-ДПМНЕ треба да го повика членството да излезе на референдумот на 30 септември и секој сам да одлучи за својот глас, „за” или „против”, изјави за МКД.мк Митко Јанчев.

На социјалните мрежи Јанчев веднаш беше нападнат дека на овој начин одработува за интересите на Зоран Заев и СДСМ.

Иако ВМРО-ДПМНЕ е демократска партија во која се почитуваат ставовите и различните мислења на секој член, сепак, официјалната одлука на партиските тела треба да биде последна и секој член, особено од раководството, треба да го почитува официјалниот став на партијата, сметаат граѓаните, пишува Република.

Најнови вести