недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Митовска до СДСМ: Со законот за јавни претпријатија сакате да ја зачувате вашата вештачка коалиција со ДУИ, на штета на граѓаните

Митовска до СДСМ: Со законот за јавни претпријатија сакате да ја зачувате вашата вештачка коалиција со ДУИ, на штета на граѓаните

Со секој изминат ден откако сте на власт покажувате дека вашите лични и партиски интереси се над државните интереси. Сега треба да се повеќе свесни зошто долг период бевте во опозиција, бевте поради тоа што граѓаните знаеја дека кога сте на власт работите само и само за личните интереси а никогаш не сте воделе и не водите грижа за државните и националните интереси, нагласи пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Слаѓана Митовска на денешната собраниска седница.

Митовска ги потсети пратениците од владејачкото мнозинство дека измислувањето на нови работни места не е добро за и така лошата економска политика во државата.

Измислувањето на нови работни места односно нови раководни позиции не е добро за економијата туку само за доброто на задоволувањето на апетитите на вашата вештачка и стаклена коалиција, вети Митовска.

Според нејзе добро е да се отвораат нови работни места, но не на ваков начин каде што СДСМ измислува работни места за неколкумина кои се дел од владината коалиција, нагласувајќи дека нема ништо од празните ветувања дека ќе отвораат работни места се со цел да ги вратат младите назад во Република Македонија.

Митовска ги потсети пратениците на СДСМ дека во предизборниот период Заев ветувал помалку министерски места, а сега предлагаат закон за јавни претпријатија каде што ќе има нови заменици директори на сите јавни претпријатија.

Ако се земе во предвид дека во Македонија има околу 129 јавни претпријатија, каде што анализите говорат дека во 22 јавни претпријатија има помалку од 10 вработени. Значи имаме помалку од 10 вработени а вие им назначувате директор и заменик директори. Притоа да не го испуштам и фактот дека јавните претпријатија имаат и управен и надзорен одбор, изјави Митовска.

Таа додаде дека со овој закон СДСМ и Заев сакаат да ја партизираат државата, спротивно од она што го зборувале во минатото.

Според нејзе со 2 милиони евра кои се предвидени за плата на замениците директори на јавните претпријатија можело да се изградат домови за бездомници, како и да се помогне на социјално загрозените, на пензионерите на децата без родители, на самохраните родители како и да се изгради социјална зграда и да се реши проблемот со станбеното прашање на социјално загрозените семејства.

Најнови вести